„Горски венец“ на македонски јазик, прочитан од временска и вредносна дистанца

Autori

  • Катица ЌУЛАВКОВА

DOI:

https://doi.org/10.46584/lm.v13i1.393

Ključne riječi:

Петар II Петровиќ Његош, Горски венец, Блаже Конески, постколонијалната критика

Sažetak

Драматизираната епска приказна на Горски венец не е обична проекција на историските собитија, туку симулира историчност и веродостојност, со цел да постигне некои социо-културни ефекти поврзани со обединувањето на црногорскиот народ по верска, културна, социјална и национална основа. Горски венец е првенствено фикција, а не факција. Горски венец е епска творба со драматуршки елементи зад коишто се поставени некои историски предлошки. Тие историски предлошки не ни даваат за право да го поистоветиме етичкиот концепт на епот со националните стратегии на црногорскиот народ. Ако имаме работа со книжевно-уметничка фикција, тогаш не смееме да ги изедначиме епските идеологеми со историографските и биографските.

Downloads

Objavljeno

01.06.2014

Broj časopisa

Rubrika

Članci